• среда, 27 ноември 2024

Истрага за илегално одгледување канабис во демирхисарско

Истрага за илегално одгледување канабис во демирхисарско
Скопје, 29 август 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. -Осомничениот 43-годишен жител на селото Вардино, Општина Демир Хисар, во дворното место зад неговата куќа засадил 32 стебла канабис, до кои спровел систем за наводнување „капка по капка“. Растенијата ги пронашле полициски службеници кои извршиле претрес на 26 август, се наведува во соопштението од Обвинителството. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифатил предлогот и определил притвор во траење од 30 дена за осомничениот, поради опасност од бегство, можност да го повтори делото или да се обиде да ги прикрие трагите и да влијае врз сведоците.​​ дма/aa/ ФОТО: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан