• четврток, 26 декември 2024

Историско злато во рагби за Нов Зеланд

Историско злато во рагби за Нов Зеланд
Токио, 31 јули 2021 (МИА) – Женската репрезентација на Нов Зеланд во рагби 7 ја победи денеска Франција во финалето на олимпискиот турнир со 24:12 и го освои првиот златен медал за најуспешната рагби нација во историјата. Тоа на нивните машки колеги не им успеа на олимпиското деби на рагби 7 во Рио де Женеиро во 2016 година, ниту на тековните игри во Токио, на кои во финалето без поразени од бранителот на титулата Фиџи, репрезентативките на Нов Зеланд го направија на убедлив начин и со максимален ефект. По победите во групната фаза над Кенија (29:7), Велика Британија (26:21) и Русија (33:0), Нов Зеланд повторно беше убедлив против Русија во четвртфиналето (36:0), а во полуфиналето го совладаа Фиџи со 22:17. Фиџи со триумфот над Велика Британија од 21:12 го освои третото место. ег/ми/

Остани поврзан