• четврток, 26 декември 2024

Историското рели Акропол се враќа на светскиот шампионат

Историското рели Акропол се враќа на светскиот шампионат
Атина, 26 март 2021 (МИА) – По осум години пауза историското рели Акропол се враќа на светскиот рели шампионат и ќе се одржи од 9 до 12 септември годинава, соопшти Генералниот секретаријат за спорт на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека пред 70 години Акропол беше во позадината на голема трка, која подоцна беше насловена како „Рели на боговите“, додека пак надлежниот министер за спорт на Грција истакна дека „светлата на светскиот мотоспорт повторно се насочени кон Грција“. Претседателот на ФИА Жан Тод потенцираше дека не се потребни препораки за релито Акропол затоа што станува збор за „легендарен настан, каде моторните спортови и технологијата се среќаваат со историјата, во земјата на боговите“. - Трката е позната по некои од најтешките специјални писти во светот и јас лично имам некои посебни спомени, бидејќи како совозач се натпреварував на пет рели Акропол, помеѓу 1970 и 1981 година. Среќен сум за неговото враќање на највисоко ниво, истакна Тод. За  „Релито на боговите“ што ќе се одржи на местото на релито во Чиле веќе е формиран организациски комитет и пуштен и промотивен видеоспот. ср/зс/

Остани поврзан