• недела, 24 ноември 2024

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година
Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека пасошите на граѓаните, чија важност истекува по 31 јули 2020 година, ќе продолжат да важат до 31 декември 2021 година.
- Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/2021 на 03.06.2021 кој стапи на сила на 11.06.2021, а ќе отпочне со примена од  01.07.2021, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година, се наведува во соопштението на МВР.
Од Министерството посочуваат дека измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓани кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.бт/дма/

Тагови

Остани поврзан