• петок, 27 декември 2024

Испратени СМС-пораки со лажен линк на УЈП, Управата апелира да не се отвораат

Испратени СМС-пораки со лажен линк на УЈП, Управата апелира да не се отвораат

Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) - Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека вчера и денеска непознат испраќач, користејќи го нејзиното лого, преку СМС-пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички.

Пораките се испраќани од телефонскиот број +389 79 212 628 со следната содржина: „Извршете ја задолжителната  пријава на УЈП  https://ujp.mk/verifikacija

-Овој линк е лажен и не  води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи, соопшти УЈП и апелира да не се отвораат таквите СМС-пораки и да не се отвора линкот.

Доколку некој го отворил линкот пратен во порака, УЈП повикува да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните, затоа што може да бидат злоупотребени.

-Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација, се наведува во соопштението. хс/дма/

Остани поврзан