• петок, 27 декември 2024

Испразнет ректоратот на атинскиот Универзитет што беше под опсада, уапсени десет лица

Испразнет ректоратот на атинскиот Универзитет што беше под опсада, уапсени десет лица

Атина, 30 март 2023 (МИА) – Десет лица се уапсени при акцијата на грчката полиција за празнење на ректоратот на атинскиот Универзитет што над две седмици беше под опсада, објавија грчките медиуми.

Поради несреќата кај Темпи со 57 загинати, кон средината на март, студенти влегоа во објектот што се наоѓа во центарот на Атина и го држеа под опсада. 

Денешната акција на грчката полиција за празнење на ректоратот, според информациите во медиумите, поминала без никакви инциденти.ср/сд/

Остани поврзан