• недела, 24 ноември 2024

Исплатени 3,2 милјарди денари за обесштетување на депонентите од „Еуростандард банка“

Исплатени 3,2 милјарди денари за обесштетување на депонентите од „Еуростандард банка“
Скопје, 29 октомври 2020 (МИА) - До денеска се исплатени вкупно 3,2 милјарди денари за обесштетување на депонентите од „Еуростандард банка“, која е во стечај. Од Фондот за осигурување депозити информираа дека тоа е близу 77 проценти од вкупните средства упатени до четирите банки преку кои се врши исплатата на обесштетувањето. До денес се исплатени и близу 10 милиони денари врз основа на обесштетување наследници на депоненти на „Еуростандард банка”. - Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот, се наведува во соопштението од Фондот. бак/сп/

Остани поврзан