• среда, 25 декември 2024

Исплатени финансиски средства за мерка новороденче во општина Неготино

Исплатени финансиски средства за мерка новороденче во општина Неготино

Неготино, 10 јули 2024 (МИА) - Исплатени се финансиските средства за мерката еднократен паричен надоместок за новородено дете во општина Неготино, информираше попладнево градоначалникот Горан Стојанов.

Како што појасни градоначалникот, исплатени биле вкупно 458.902,00 денари за вкупно 59 поднесени барања за период од месец јануари до месец јуни 2024 година.

- Исплатата на овие средства во износ од по 7.000 денари еднократно, се врши од буџетот на Општина Неготино. Може да аплицираат сите граѓани кои живеат на територијата на општината додаде Стојанов. свд/бд/

Фото : МИА архива 

Остани поврзан