• недела, 24 ноември 2024

Исплата на пензиите од 25 април

Исплата на пензиите од 25 април
Скопје, 18 април 2023 (МИА) - Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата за исплата на пензии за месец април, 2023 година.
На седницата Владата го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.04.2023 година, а се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа - од 25.04.2023 година.
- Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, по распоред според висината на пензијата и тоа: за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.04.2023 година (вторник); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2023 година (среда); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2023 година (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2023 година (петок), стои во соопштението од владината прес-служба. цр/ев/
 
Фото:Влада на Република Северна Македонија

Остани поврзан