• среда, 18 декември 2024

Исланд издаде нова квота со која се дозволува убивање на 128 китови

Исланд издаде нова квота со која се дозволува убивање на 128 китови

Рејкјавик, 11 јуни 2024 (МИА) – Вкупно 128 перкасти китови (Balaenoptera physalus) може да бидат уловени во морето околу Исланд оваа ловна сезона, според квотата што денеска ја објави исландското Министерство за храна, земјоделство и рибарство.

Министерката за рибарство Бјарки Олсен Гунарсдотир по состанокот на владата изјави дека одлуката за доделување дозволи за лов на китови не мора да го одразува нејзиното мислење или мислењето на нејзината партија, Лево-зелено движење. Сепак, таа мораше да ги почитува законите и прописите, пренесува ДПА.

Исланд е една од ретките земји каде се уште може да се ловат китови.

Минатата година исландската влада привремено го суспендираше ловењето китови непосредно пред почетокот на сезоната на лов поради загриженоста за компатибилноста на ловот со стандардите за благосостојба на животните.

Два месеци подоцна забраната за ловење китови беше укината, но со построги барања за опрема за лов и надзор на практиката.

Гунарсдотир рече дека тие барања ќе важат и за оваа сезона на лов. јт/

Остани поврзан