• сабота, 23 ноември 2024

Исламистите во Мозамбик ослободија киднапирани монахињи

Исламистите во Мозамбик ослободија киднапирани монахињи
Рим, 10 септември 2020 (МИА) – Исламистичка бунтовничка група во Мозамбик ослободи две монахињи на Римокатоличката црква кои беа киднапирани и заробени повеќе од три недели. Станува збор за бразилски државјанки, кои биле ослободени на 6 септември и во моментов закрепнуваат и се под медицински надзор надвор од провинцијата Кабо Делгадо, каде што беа киднапирани. Тие биле 24 дена во заробеништво во градот Мокимбо да Праја, а исламистичката група што ги киднапирала е поврзана со терористичката организација Исламска држава. јт/

Остани поврзан