• недела, 24 ноември 2024

Исклучувањето на нуклеарката во Украина ги намалува ризиците од нуклеарна катастрофа

Исклучувањето на нуклеарката во Украина ги намалува ризиците од нуклеарна катастрофа
15 септември 2022 Асошиетед прес Присилното исклучување на украинската загрозена и оштетена нуклеарна електрана Запорожје, најголемата во Европа, значително го намалува ризикот од радијациска катастрофа што го измачуваше светот со недели. Последниот, шести реактор на нуклеарката Запорожје, што е под руска окупација, беше исклучен во неделата бидејќи руските воени дејствија во Украина повторно ги прекинаа зависните надворешни напојувања. Таа моќ е потребна за да се спречи затоплување на реакторите до степен на топење што може да ги пробие околните бетонски и челични згради и да исфрлат радијација низ Украина, Русија и други земји во близина. Од 5 септември, пожар предизвикан од гранатирање ја исфрли централата од сите надворешни далноводи, шестиот реактор мораше да продолжи да работи, со намалена моќност, за да го напојува реакторското ладење и другата клучна безбедносна опрема. Овој „островски режим“ е несигурен и не е дизајниран да биде повеќе од мерка за запирање, тврдат украински официјални лица. Во неделата, една турбина беше повторно поврзана со електричната мрежа на Украина, па моќта на шестиот реактор не беше потребна за безбедносните системи. Фрламе поглед кон ризиците, влијанието и кон тоа што може да биде направено, доколку надворешната моќ се изгуби повторно. Зошто беше исклучен шестиот реактор? Украинските оператори на нуклеарката Запорожје очигледно одлучиле дека е премногу ризично да се работи со кој било од шесте реактори, затоа што борбата ги загрози надворешните напојувања за ладење и други безбедносни системи. Но, кога се изгуби сета надворешна моќ, тие не можеа да ги исклучат сите реактори. Им беше потребна моќ барем од еден реактор за водење на безбедносните системи. Штом надворешното напојување беше обновено со помош на резервен далновод, тие извршија „ладно исклучување“ на шестиот реактор, вметнувајќи контролни шипки во сржта на реакторот за да ја запрат реакцијата на нуклеарна фисија и создавање топлина и притисок. Како исклучувањето ги намалува ризиците? Со прекин на сите нуклеарни реакции, температурите и притисокот во реакторите постепено се намалуваат, намалувајќи го потребниот интензитет на водено ладење на радиоактивното гориво. Ова е најбезбеден операциски режим на нуклеарната централа. - Студеното исклучување огромно го намалува ризикот од топење, изјави Стивен Арндт, претседател на Американското нуклеарно друштво и научник во националната лабораторија на САД, Оук Риџ, во неделата во интервју. А сепак, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси во неделата посочи дека тој уште е „сериозно загрижен за ситуацијата во централата, што останува во опасност сè додека продолжува какво било гранатирање“. Што ќе се случи доколку повторно се изгуби надворешната моќ? Со исклучени сите реактори, доколку борбата или други проблеми предизвикаат нова загуба на надворешна моќ, операторите на централата би имале повеќе време за да организираат резервен извор на енергија за работа на системите за ладење, оптоварувањето за ладење би се намалило, додаде Арндт. Тоа е така затоа што топлината доаѓа од гориво што се распаѓа, а не активна реакција на фисија. - Секој час што изминува, можноста за топење на горивото станува помала и помала, појасни тој. Системите за ладење потребни се и за потрошеното нуклеарно гориво - горивото што веќе е користено во реакторите, но, мора да биде под вода додека да се излади доволно за да се премести надвор од зградите за задржување на реакторот во суво складиште. Доколку надворешната моќ во нуклеарката Запорожје се изгуби повторно, инженерите би можеле да се свртат кон 20 резервни дизел генератори за итни случаи, како што го сторија тоа најмалку еднаш откако започна војната. МААЕ соопшти дека потребна е енергија само од еден дизел генератор по реактор за да се одржи безбедноста. Додека проценката на украинските власти е оти тие ќе имаат доволно дизел гориво во складиште за да работат со безбедносните системи најмалку 10 дена, изјави Петро Котин, на чело на операторот на централата, „Енергоатом“, минатата недела кажа дека „дизел генераторите се всушност последната одбрана на станицата пред да се очекува можна радијациона несреќа“. Коментирајќи по обновувањето на надворешната моќ во неделата, Арндт даде пооптимистичка оценка. - Ние сме внимателно оптимистични дека централата е релативно стабилно место поради ладењето од електричната енергија надвор од локацијата и резервните дизел генератори, подвлече тој. Дали исклучувањето на Запорожје предизвикува прекини на струја? Додека прекините на струјата ја измачуваа Украина често за време на војната, се чини оти тие, во најголем дел, се резултат на гранатирањето на други постројки за производство на електрична енергија и инфраструктура, наместо губење на производството од нуклеарката Запорожје. Портпаролот на регионалната администрација на Запорожје, Володимир Марчук, изјави дека селата околу Енергодар, каде се наоѓа централата, се без струја поради исклучувањето на централата, но оти алтернативните електрани, како хидроелектраната Днипро, ја снабдуваат електричната мрежа со енергија. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан