• среда, 27 ноември 2024

Исклучен и последниот реактор на нуклеарката Запорожје по гранатирање

Исклучен и последниот реактор на нуклеарката Запорожје по гранатирање
Киев, 5 септември 2022 (МИА) - Последниот оперативен реактор на нуклеарката Запорожје е исклучен од украинската мрежа откако електричните столбови беа оштетени при руското гранатирање, соопшти „Енергоатом“. Најголемата електрана во Европа е заземена од руските сили, но со неа и понатаму управува украинскиот оператор „Енергоатом“. „Како резултат на пожарот предизвикан од гранатирањето, денеска е прекинат последниот далновод за пренос“, соопшти „Енергоатом“ на Телеграм. Оттаму додадоа дека „како резултат на тоа, реакторот шест, што ја снабдува електраната со струја, исклучен е од мрежата“. Подрачјето на електраната изминатите месеци постојано се гранатира, а Москва и Киев за тоа меѓусебно се обвинуваат. бд/ссм/

Остани поврзан