• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Исени: МВР и Црвен крст - партнерство потврдено низ децениите заедничка соработка

Исени: МВР и Црвен крст - партнерство потврдено низ децениите заедничка соработка

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска присуствувал на свеченост по повод одбележувањето 80 години од постоење на Црвениот крст на Република Северна Македонија, на кое покровител годинава е претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова.

Како што информира МВР, при доделувањето на јубилејната плакета за поддршката и меѓусебната соработка на Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст, Исени ја истакнал посветеноста на припадниците на полицијата и на Црвенот крст во хумани задачи.  

-Припадниците на Министерството за внатрешни работи заедно со членовите и активистите на Црвениот крст во сиве овие години наназад биле и секако ќе останат целосно посветени и блиски во сите активности каде што хуманоста и помошта бараат благовремено и ефикасно дејствување, истакнал  заменик-министерот.

Исени подвлекол дека „природата на заедничките надлежности на двете институции налага градење  заедничка соработка, комуникација, системи и концепти што ќе им бидат од помош на сите на кои помошта им е потребна, особено кога станува збор за кризните состојби од  каков било карактер“. хс/дма/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан