• четврток, 26 декември 2024

ИСВ: Три претпоставки за позначаен украински пробив на фронтот

ИСВ: Три претпоставки за позначаен украински пробив на фронтот

Вашингтон, 25 септември 2023 (МИА) – Институтот за поручување на војната (ISW) наведува дека постојат три претпоставки кои мора да се исполнат за Украина да постигне „значаен напредок“ во војната со Русија. Доколку една од претпоставките се покаже дека е погрешна, ISW тврди дека хипотезата за „значаен украински успех“ ќе биде погрешна.

Првата претпоставка е дека руските сили ги немаат потребните резерви или борбена моќ за одржување на линијата на одбрана во регионот Запорожје. Американскиот тинк-тенк како втора претпоставка наведува дека украинските сили мора да задржат „доволна борбена моќ“ за да продолжат да туркаат по „исцрпувањето“ на руската армија.Последната претпоставка е дека руските одбранбени позиции зад сегашното бојно подрачје не се толку минирани или добро подготвени како утврдувањата што ги пробиле украинските сили.

Во моментов, сите три претпоставки се чини дека се точни, но не може со сигурност да се предвиди дали ќе се одржат.

ISW нагласува дека руските сили во регионот Запорожје се разредени, особено во нејзиниот западен дел. Украинските операции околу Бахмут го задржуваат рускиот фокус на источна Украина и подалеку од јужниот фронт, поради што Москва не успеа да создаде стратешки резерви во областа. сд/

 

фото: ЕПА

 

Остани поврзан