• четврток, 26 декември 2024

ИСВ: Руските сили се фокусирани на една битка

ИСВ: Руските сили се фокусирани на една битка
Вашингтон, 5 јуни 2022 (МИА) - Американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ) објави нова анализа и мапа за судирот во Украина. Според ИСВ, украинските сили успешно ги забавуваат руските операции за опкружување на украинските позиции во регионот на Луганск, како и руските напади врз Северодоњецк преку ефективни локални контранапади и одбраната на западниот брег на реката Северски Доњец. Прорускиот блогер Военкор Котенок З тврди дека руските сили веројатно нема да ја пробијат украинската одбрана во Лисичанск и најверојатно ќе мора да ја пробијат Попасна доколку се надеваат да го заземат Лисичанск. Тој додаде дека руските сили сè уште не обезбедиле пристап до двата клучни автопати кон Лисичанск. ИСВ наведува дека руската армија ги концентрирала сите свои расположливи ресурси на битката за Северодоњецк, но постигнала само скромни придобивки. Украинската армија наводно, ја вратила контролата над 20 отсто од градот во изминатите 24 часа. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков пред два дена повтори дека Русија ќе продолжи со „специјалната воена операција“ во Украина додека не ги постигне сите свои цели. Тој истакна дека Русија од почетокот на операцијата веќе „ослободила“ голем број населени места. Додека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, истиот ден тврдеше дека преземаат „нови задачи“ за да го забрзаат напредокот на војната. ИСВ посочува дека Кремљ најверојатно подготвува услови за прогласување некаква победа во источна Украина додека се подготвува за долготрајна војна. ми/

Остани поврзан