Ирците повикаа поранешен англиски капитен за баражот со Чешка
- Фудбалската федерација на Република Ирска (ФАИ) го повика поранешниот капитен на англиските младински репрезентации Харви Вејл за претстојното полуфинале од плејофот за пласман на Светското првенство против Чешка.
Даблин, 19 март 2026 (МИА) – Фудбалската федерација на Република Ирска (ФАИ) го повика поранешниот капитен на англиските младински репрезентации Харви Вејл за претстојното полуфинале од плејофот за пласман на Светското првенство против Чешка.
Вејл е производ на академијата на Челзи и беше капитен на репрезентацијата на Англија до 19 години, која го освои Европското првенство во 2022 година.
ФИФА минатата недела и даде зелено на ФАИ да го регистрира Вејл, кој од минатиот февруари настапува за англискиот второлигашот Квинс Парк Ренџерс.
Во посебна изјава, ФАИ објави дека селекторот на Ирска, Хајмир Халгримсон, го продолжил договорот до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Ирците ќе го играат својот прв натпревар во плејофот на 26 март во Чешка и, доколку победат, ќе се соочат со Данска или Македонија на 31 март.
Ирска нема настап на Светско првенство од 2002 година. ег
ФОТО: ЕПА