• среда, 25 декември 2024

Ирска пет месеци без фудбалски селектор, Федерацијата им се извини на навивачите

Ирска пет месеци без фудбалски селектор, Федерацијата им се извини на навивачите

 

Даблин, 19 април 2024 (МИА) – Фудбалската федерација на Република Ирска (ФАИ) денеска повторно не донесе одлука за ангажирање нов селектор и постави нов рок – до почетокот на септември, воедно извинувајќи им се на навивачите за новото пролонгирање.

Република Ирска, која не обезбеди пласман на претстојното Европско првенство во Германија, е без селектор од ноември лани кога му истече договорот на Стивен Кени истече и истиот не беше обновен.

„Признаваме дека датумите што самите ги одредивме и временските рокови за донесување одлука создадоа можеби лажно чувство за очекувањата на луѓето и збунетост кај сите“, рече спортскиот директор на ФАИ, Марк Канам,

„Ја препознаваме грешката и се извинуваме поради тоа. Но, истовремено, веруваме дека овој процес на крајот ќе доведе до тоа да ја избереме најдобрата личност за должноста“, додаде тој.

За најсериозен кандидат се споменува Џон О’Шеј, поранешен дефанзивец на Манчестер Јунајтед и ирски репрезентативец со 118 натпревари во националниот дрес, кој беше вршител на должноста селектор на двата контролни натпревари во март.

„Ние како федерација сме многу задоволни од неговата работа за време на мартовските контролни натпревари и во моментов разговараме со него. Се надеваме дека ќе можеме да го потврдиме што е можно поскоро“, додаде Канам. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан