• недела, 24 ноември 2024

Ирската полиција уапси 34 лица по немирите во Даблин

Ирската полиција уапси 34 лица по немирите во Даблин

Даблин, 24 ноември 2023 (МИА) - Началникот на ирската полиција денеска соопшти дека 34 лица се уапсени поради синоќешните немири во Даблин предизвикани од напад со нож во кој беа повредени пет лица, меѓу кои три деца.

„Имаме вкупно 34 апсења, од кои 32 ќе бидат изведени пред правдата утрово“, рече Дру Харис на прес-конференција.

Тој додаде дека во судирите еден полицаец е тешко повреден. паг/

Фото: Википедија)

 

 

Остани поврзан