• четврток, 26 декември 2024

Ирина Шајк: Животот без Бредли е како нова страница

Ирина Шајк: Животот без Бредли е како нова страница
Њујорк, 28 јануари 2020 (МИА) - Манекенката Ирина Шајк, во интервју за „Вог“ првпат проговори за својата разделба со глумецот Бредли Купер. - Мислам оти во сите добри врски, го внесуваш и најдоброто и најлошото од себе. Тоа е едноставно во човечката природа. Двајца одлични луѓе не мора да бидат одлична двојка, вели таа. Натаму, рускиот модел вели дека „животот без Бредли е како нова страница“, во смисла на снаоѓањето како самохран родител, што за неа е ново. - Тешко е да се најде рамнотежата меѓу самохраното родителство и работата. Има денови кога, едноставно се распаѓам, додава таа. Шајк и Купер само пред неколку дена постигнале договор околу старателството над двегодишната ќерка Леа де Сена. Тие заедно ќе се грижат за детето во Њујорк. Ирина Шајк се најде и на насловната страница на наредниот број на „Вог“. си/

Остани поврзан