• сабота, 23 ноември 2024

Ирина Шајк по осум години се враќа на модната сцена

Ирина Шајк по осум години се враќа на модната сцена

Њујорк, 17 октомври 2024 (МИА) - Руската манекенка Ирина Шајк се врати на модната писта, првпат по нејзиното шоу во 2016 година. Таа на шоуто на „Викторија сикрет“ во Њујорк се појави во проѕирен комбинезон покриен со ѕвезди, обетки со големи обрачи и сандали со металик потпетици. Со тоа, манекенката го најави враќањето на модната сцена.

- Последен пат кога прошетав на ревија на „Викторија сикрет“ бев речиси петти месец бремена. И, еве ме - се враќам, изјави таа. 

@entertainmenttonight Irina Shayk is having a full circle moment ahead of tonight's Victoria's Secret Fashion Show! 💗#irinashayk #vsfs#victoriassecret#victoriassecretfashionshow ♬ original sound - Entertainment Tonight

Таа, одговарајќи на прашања за нејзината ќерка што ја има со поранешното момче Бредли Купер, истакна дека детето, веројатно, ќе ја гледала ревијата... Но, прашана дали би ја советувала да се занимава со манекенство, таа вели дека „најважно е да одгледа драго и сакано дете, а сѐ друго не е важно“.

@entertainmenttonight Gigi Hadid is feeling the love from her man, Bradley Cooper, and her bestie, Taylor Swift, as she makes her highly-anticipated return to the Victoria's Secret Fashion Show tonight! 💖 #gigihadid #vsfashionshow #victoriasecret ♬ original sound - Entertainment Tonight

Дел од ревијата беше и супермоделката Џиџи Хадид - сегашната партнерка на Купер, која потврди дека тој останал дома поради децата.

- Бредли има „татковска должност“... Гледа од дома - ги чува децата, но тој многу ме поддржува. Имам пријатели кои доаѓаат на модната ревија, многу пријатели, изјави Џиџи.  си/ссм/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан