• сабота, 27 јули 2024

Ирвинг до навивачите на Кливленд: Ви ја донесов титулата, а вие губитниците сте неблагодарни

Ирвинг до навивачите на Кливленд: Ви ја донесов титулата, а вие губитниците сте неблагодарни
Њујорк, 19 јануари 2022 (МИА) – Еден од најдобрите кошаркари на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг, влезе во вербална расправија со навивачите на Кавалирс за време на вчерашниот натпревар во Кливленд. Играчот на Нетс не можеше да одолее и одговори на непријатните извици од трибините на негова адреса.
  • Јас ви го донесов трофејот, а вие губитниците сè уште сте неблагодарни, возврати  Ирвинг.
Тој за Кливленд кавалирс постигна тројка за изедначување во натпреварот 7 од финалето во 2016 година против Голден стејт, по што Кливленд го освои првото НБА првенство во клупската историја. зс/

Остани поврзан