• среда, 25 декември 2024

Ирачка воена база, во која се стационирани и американски војници, е нападната со ракети "Каќуша"

Ирачка воена база, во која се стационирани и американски војници, е нападната со ракети

Багдад, 1 октомври 2024 (МИА) - Најмалку две ракети „Каќуша“ биле пресретнати над воена база во близина на Багдад, во која се стационирани американски војници.

Американски официјални лица изјавија дека првичните извештаи укажуваат дека базата била нападната со вкупно три проектили, од кои едниот паднал во близина на објекти што ги користеле ирачките сили за борба против тероризам.

Во нападот нема повредени, но има оштетени возила и избувнал пожар.

Околу 2.500 американски војници се стационирани во Ирак, земја која одржува партнерски односи и со Вашингтон и со Техеран.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан