• недела, 01 септември 2024

Ирачката Влада бара мисијата на ОН во таа држава да заврши во 2025 година

Ирачката Влада бара мисијата на ОН во таа држава да заврши во 2025 година

Багдад, 10 мај 2024 (МИА)  - Владата на Ирак поднесе барање до ОН да ја прекинат тамошната мисија до крајот на 2025 година, чија цел е добро владеење и реформи за човековите права.Ирак побара од неколку меѓународни тела кои работат во земјата да го намалат нивното присуство.

Во писмото испратено од ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, се наведува дека „повеќе нема потреба да се продолжи“ работата на Мисијата на ОН за помош во Ирак (УНАМИ). 

Судани наведува дека владата во Багдад „можела да преземе голем број важни чекори“ во областите под мандат на мисијата, со што нејзиното присуство е излишно.

Вообичаено е мандатот на таа мисија да се продолжува еднаш годишно, за што одлучува Советот за безбедност на ОН. Сегашниот мандат истекува на крајот на овој месец.

Во писмото Судани не се спротивставува на уште едногодишно продолжување, но посочува дека мисијата треба да се фокусира на завршување на своите задачи со цел да дојде до нејзино трајно затворање и трансфер на одговорностите до крајот на 2025 година. зш/

Остани поврзан