• среда, 18 декември 2024

Иран ја известил Русија за можна закана за безбедноста пред нападот во Москва

Иран ја известил Русија за можна закана за безбедноста пред нападот во Москва

Техеран, 1 април 2024 (МИА) - Иран ја информирал Русија за можна голема „терористичка операција“ на нејзина територија пред минатомесечното масовно убиство во концертна сала во близина на Москва, јавија светските агенции, цитирајќи три извори запознаени со ова прашање.

Во најсмртоносниот напад во Русија во последните 20 години, на 22 март, вооружени напаѓачи отворија оган од автоматско оружје во концертната сала „Крокус“ во московскиот регион, при што загинаа најмалку 144 луѓе. Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

„Денови пред нападот во Русија, Техеран ѝ дал на Москва информации за можен терористички напад од големи размери на руска територија, добиени за време на испрашувањето на уапсените во врска со смртоносните бомбашки напади во Иран“, изјави еден од изворите. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан