• среда, 25 март 2026

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел

Техеран, 15 март 2026 (МИА) - Дваесет лица се уапсени во северозападен Иран поради обид за соработка со Израел, објави денеска агенцијата Тасним, повикувајќи се на соопштение од Канцеларијата на покраинскиот обвинител на Западен Азербејџан.

Тие се обвинети за испраќање информации до Израел за локациите на иранските воени и безбедносни средства.

Израел започна нова фаза на напади врз Иран, гаѓајќи ги безбедносните контролни пунктови врз основа на информации од свои луѓе на теренот, изјави за британските медиуми извор запознаен со израелската воена стратегија.сд/

Фото:ЕПА

Остани поврзан