• петок, 27 декември 2024

Иран спроведува воена вежба на север во време на зголемени тензии со Израел

Иран спроведува воена вежба на север во време на зголемени тензии со Израел

Техеран, 13 август 2024 (МИА) - Иран спроведува воена вежба во северниот дел на земјата, јавуваат локални медиуми. Воената вежба се случува во време кога регионот стравува од одговорот на Иран кон Израел поради убиството на лидерот на „Хамас“, Исмаил Ханија, минатиот месец во Техеран.

Вежбата се одвива денеска од 19:30 до 20:30 часот по локално време во иранската провинција Гилан на Каспиското Море. Целта е да се засили одбранбената готовност на иранските поморски сили, соопшти официјален претставник.

Ова е втора воена вежба на Иран во последните три дена. Иран вети одговор на Израел по убиството на Ханија на 31 јули во Техеран. Израел е обвинет за убиството, но не презеде одговорност. Убиството предизвика закани за одмазда од страна на Иран кон Израел, што ја зголеми загриженоста за поширок конфликт на Блискиот Исток. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан