• среда, 25 декември 2024

Иран соопшти за пуштање нова центрифуга за збогатување ураниум

Иран соопшти за пуштање нова центрифуга за збогатување ураниум
Техеран, 9 јуни 2022 (МИА) – Иран денеска информираше дека пушти во употреба нова центрифуга за збогатување ураниум, откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) усвои резолуција за земјата.Иранското Министерство за надворешни работи денеска ја оцени резолуцијата како „избрзана“ и „неурамнотежена“.Управниот одбор на МААЕ вчера го повика Иран целосно да соработува со нивните инспектори. Во очи на објавата за резолуција, земјата на неколку локации ги исклучи камерите на МААЕ. Според дипломати, од 35 држави членки, само Кина и Русија гласале против резолуцијата. МААЕ неделава предупреди за можен доволен материјал на Иран за нуклеарно оружје за неколку седмици. Иран веќе збогатил 43,1 килограм ураниум до ниво на чистота од 60 отсто, се наведува во извештајот на организацијата. Според аналитичари, околу 50 килограми се доволни за нуклеарно оружје, доколку ураниумот се збогати на малку повеќе од 90 отсто. Меѓутоа, Техеран нагласува дека сака нуклеарна технологија само за мирнодопски цели. Преговорите меѓу Иран и МААЕ се одвиваат паралелно со оние за обнова на нуклеарниот договор, што светските сили го склучија со земјата во 2015 година, а моментално се во застој. Новите ограничувања за иранската нуклеарна програма, главно се договорени, но, сè уште не е постигнат договор за укинување на американските санкции. Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше околу тоа со иранскиот колега Ебрахим Раиси. Соработката на независните држави може да го неутрализира „незаконскиот притисок“ од Западот, соопшти кабинетот на иранскиот претседател. бд/сд/

 

Остани поврзан