Иран се заканува дека ќе ја прекине соработката со МААЕ поради надворешни закани
- Иран би можел да ја прекине соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и да ги протера нејзините инспектори доколку продолжат надворешните закани, изјави Али Шамкани, советник на врховниот лидер Али Хамнеи.

Техеран, 10 април 2025 (МИА) - Иран би можел да ја прекине соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и да ги протера нејзините инспектори доколку продолжат надворешните закани, изјави Али Шамкани, советник на врховниот лидер Али Хамнеи.
„Продолжувањето на надворешните закани и ставањето на Иран во ситуација на потенцијален воен напад може да доведе до мерки за одвраќање, како што се протерување инспектори на МААЕ и прекин на соработката со агенцијата“, објави Шамкани на Икс, додавајќи дека Иран може да го премести збогатениот ураниум на „безбедни и непознати локации во земјата“.
Шамкани ова го објави во пресрет на најавените нуклеарни преговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, кои ќе се одржат в сабота во Оман. рп/
Фото: ЕПА