• вторник, 24 декември 2024

Иран се закани: Нашиот одговор на израелските напади ќе биде конечен и болен

Иран се закани: Нашиот одговор на израелските напади ќе биде конечен и болен

Техеран, 30 октомври 2024 (МИА) – Неодамнешните напади на Израел врз Иран ќе бидат дочекани со „конечна и болна“ реакција, која најверојатно ќе биде спроведена пред претседателските избори во САД, изјави денеска висок извор за Си-Ен-Ен.

Изјавата претставува отстапување од првичните обиди на Иран да ја намали сериозноста на израелските напади извршени на 25 октомври, пренесуваат светските агенции.

- Одговорот на Исламската Република Иран на агресијата на ционистичкиот режим ќе биде конечен и болен, изјави извор запознаен со одлуките на Иран.

Иако изворот не прецизираше точен датум за нападот, тој рече дека „најверојатно ќе биде извршен пред денот на претседателските избори во САД“.

Во својата прва реакција на нападите, иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, даде повоздржан одговор, велејќи дека нападите „не треба ниту да се преувеличуваат ниту да се минимизираат“, пренесе Си-Ен-Ен. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан