• четврток, 26 декември 2024

Иран се закани дека ќе го затвори Медитеранот поради војната во Газа

Иран се закани дека ќе го затвори Медитеранот поради војната во Газа

Техеран, 23 декември 2023 (МИА) - Командант на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) изјави дека Средоземното Море може да биде затворено доколку САД и нивните сојузници продолжат да вршат „злосторства“ во Газа, јави иранската новинска агенција Тасним.

Тој не појасни како точно ќе се изврши заканата.

Како што пренесуваат странските агенции, Иран се залага за Хамас и ги обвинува САД дека ги поддржуваат воените акции на Израел во Газа, нарекувајќи ги криминални. Во бомбардирањето, кое трае неколку недели, загинаа илјадници жители на палестинската енклава, а повеќето луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

„Тие наскоро треба да очекуваат затворање на Средоземното Море, Гибралтарскиот теснец и другите водни патишта“, изјави бригадниот генерал Мохамед Реза Накди, координативен командант на КГИР.

Минатиот месец, јеменските бунтовници Хути, поврзани со Иран, започнаа серија напади врз трговски бродови во Црвеното Море, велејќи дека нивните акции биле одговор на воената кампања на Израел во Газа. Ова ги принуди некои бродски компании да ги променат маршрутите на бродовите.

Белата куќа вчера соопшти дека Иран е „длабоко вклучен“ во операциите на Хутите во Црвеното Море. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан