• среда, 25 декември 2024

Иран на располагање на Хутите ги ставил своите балистички ракети „Гадр“

Иран на располагање на Хутите ги ставил своите балистички ракети „Гадр“

Техеран, 29 мај 2024 (МИА) – Ирански медиуми денеска објавија дека воено раководство на земјата им ја ставило на располагање на јеменските Хути својата балистичка ракета „Гадр“, што се лансира од море.

„Иранската балистичка ракета што се лансира од море, наречена „Гадр“, сега е ставена на располагање на јеменските борци“, објави полуофицијалната агенција Тасним, за која се верува дека е поврзана со елитната иранска Револуционерна гарда, пренесе Хина.

„Сега проектилот... стана оружје способно да постави сериозни предизвици за интересите на САД и нивниот главен сојузник во регионот, ционистичкиот режим“, јави агенцијата.

Иранското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар.

Иран ги поддржува Хутите, но постојано негираше дека ја вооружува групата.

Хутите, со цел да ја покажат својата поддршка на Палестинците во војната во Газа, ги напаѓаат водните патишта во и околу Црвеното Море, со што влијаат на овој поморски пат од витално значење за светската трговија.

Според американската агенција за национално разузнавање, Иран има најголем број балистички ракети во регионот, а, исто така, е главен производител на дронови. сд/

фото:Википедија

Остани поврзан