• вторник, 24 декември 2024

Иран најави дека ќе произведе 20 проценти збогатен ураниум

Иран најави дека ќе произведе 20 проценти збогатен ураниум
Виена, 6 јули 2021 (МИА) – Иран ја извести Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека планира да произведе ураниум збогатен до 20 проценти како гориво за своите нуклеарни реактори, соопшти денеска МААЕ. Оваа одлука најверојатно нема да им се допадне на западните нуклеарни сили, со кои Иран се обидува да го оживее нуклеарниот договор, од кој САД се повлекоа во 2018 година, согласно одлуката на тогашниот претседател Доналд Трамп, коментираат светските агенции. МААЕ соопшти дека тоа ќе биде повеќефазен процес, сугерирајќи дека ќе биде потребно време, но западните сили веќе го осудија Иран за производство на мали количини на ураниум кој дури не е збогатен и за плановите на Техеран за производство на збогатен ураниум од кој може да се направи нуклеарна бомба. јт/

Остани поврзан