• недела, 24 ноември 2024

Иран го одложува испраќањето на нов амбасадор во Шведска во знак на протест

Иран го одложува испраќањето на нов амбасадор во Шведска во знак на протест

Техеран, 2 јули 2023 (МИА) - Иран ќе се воздржи од испраќање нов амбасадор во Шведска во знак на протест поради палењето на копија на Куранот пред џамија во Стокхолм, изјави иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.

-Иако административните процедури за назначување на нов амбасадор во Шведска се завршени, неговото испраќање е одложено поради дозволата издадена од шведските власти за сквернавење на Светиот Куран, напиша шефот на дипломатијата на Техеран на Твитер.

Тој не прецизираше колку долго неговата земја ќе се воздржува од испраќање амбасадор во Шведска.

Во средата, надвор од централната џамија во Стокхолм, маж искинал и запалил копија од Куранот, на првиот ден од муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Шведската полиција го обвини мажот за поттикнување етничка омраза. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан