• петок, 27 декември 2024

Иран ги отфрла повиците за компромис и вети дека ќе го казни Израел

Иран ги отфрла повиците за компромис и вети дека ќе го казни Израел

Техеран, 5 август 2024 (МИА) - Иран нема да прави компромиси за планираната одмазда против Израел за смртоносниот напад врз лидерот на Хамас во Техеран, јави ДПА.

-Што се однесува до нарушувањето на нашиот територијален интегритет, нема да правиме никакви компромиси, изјави денеска портпаролот на Форин Офисот, Насер Канаани.

Иако Иран не сака каква било ескалација во регионот, тој дефинитивно ќе го казни Израел за убиството на Исмаил Ханија, и покрај обидите за посредување, рече портпаролот, според иранските медиуми.

Исмаил Ханија, кој ја предводеше палестинската исламистичка организација Хамас, беше убиен во Техеран минатата недела во гостинска куќа.

Тековната криза беше предизвикана и од неодамнешното целно убиство на високиот командант на Хезболах, Фуад Шукр во Бејрут, Либан.

Иран и Хамас го обвинуваат Израел за двата напади. Израел ја презеде одговорноста за нападот врз Шукр, но не ги коментираше обвинувањата за смртта на Ханија.

Техеран и Хезболах се заканија со масовна одмазда, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди на тешки последици доколку го сторат тоа.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин го испрати својот поранешен министер за одбрана Сергеј Шојгу во Иран на разговори поради зголемените стравувања од спирално насилство на Блискиот Исток.

Шојгу, кој сега е секретар на рускиот Совет за национална безбедност, пристигна во Техеран за да разговара за регионалните и меѓународните безбедносни прашања, објавија денеска руските новински агенции, пренесе ДПА. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан