• среда, 25 декември 2024

Иран воведе санкции за уште 61 Американец поради поддршка на МЕК

Иран воведе санкции за уште 61 Американец поради поддршка на МЕК
Техеран, 16 јули 2022 (МИА) – Иран денеска соопшти дека вовел санкции за уште 61 Американец, меѓу кои и поранешниот државен секретар Мајк Помпео, поради поддршка на дисидентската група „Муџахедин-е-Калк“ (МЕК). На „црната листа“ објавена од иранското Министерство за надворешни работи се и Рудолф Џулијани, адвокат на поранешниот претседател Доналд Трамп и поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон. Санкциите, кои претходно беа воведени против десетици Американци, им дозволуваат на иранските власти да ги замрзнат нивните средства во Иран, но бидејќи тие немаат имот во таа земја, одлуката е главно симболична. Џулијани, Помпео и Болтон учествуваа на различни настани поврзани со групата МЕК и ја изразија својата поддршка за неа. Во јануари Иран воведе санкции за 51 Американец, а во април на „црната листа“ стави уште 24 Американци. Индиректните разговори меѓу Иран и САД за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година започнаа во ноември минатата година во Виена и продолжија во Катар во јуни, но оттогаш се заглавени. јт/

Остани поврзан