Иранско МНР: Нуклеарните преговори ја покажаа „сериозноста“ на САД
- „Средбата во Мускат не беше долга средба. Според наше мислење, таа имаше за цел да ја процени сериозноста на другата страна и како да се продолжи по тој пат“, рече Багеј.
Техеран, 10 февруари 2026 (МИА) - Нуклеарните преговори со САД му дозволија на Техеран да ја процени сериозноста на Вашингтон и покажаа доволен договор за да продолжат по дипломатскиот пат, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багеј.
Американските и иранските дипломати минатата недела одржаа разговори преку омански медијатори во Мускат, во обид да ја оживеат дипломатијата откако американскиот претседател Доналд Трамп распореди поморска флотила во регионот, предизвикувајќи страв од понатамошни воени дејствија.
„Средбата во Мускат не беше долга средба. Според наше мислење, таа имаше за цел да ја процени сериозноста на другата страна и како да се продолжи по тој пат“, рече Багеј.
„По преговорите, сметавме дека има разбирање и договор за продолжување на дипломатскиот процес“, додаде тој.
Портпаролот додаде дека денешното патување на Али Лариџани, советник на иранскиот врховен лидер, во Оман било однапред испланирано како продолжение на регионалните консултации, а потоа Лариџани ќе отпатува за Катар.
Во врска со утрешното патување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, Багеи рече дека САД „мора да дејствуваат независно од странските притисоци, особено израелските притисоци што ги игнорираат интересите на регионот, па дури и на САД“, рече тој.сд/јт/
Фото:МИА архива