• среда, 18 декември 2024

Ирански суд осуди иранско-американски новинар на 10 години затвор

Ирански суд осуди иранско-американски новинар на 10 години затвор

Техеран, 14 декември 2024 (МИА) – Ирански суд го осуди иранско-американскиот новинар Реза Вализаде на 10 години затвор затоа што работел за радио станица финансирана од САД, соопшти денеска неговиот адвокат Хосеин Агаси.

Иранските власти и американскиот Стејт департмент претходно потврдија дека Вализаде е затворен во Иран.

Тој беше вработен во радио станицата Фарда со седиште во Прага, огранок на Радио Слободна Европа (РСЕ), која е под јурисдикција на американската агенција за глобални медиуми. јт/

Остани поврзан