• недела, 22 декември 2024
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ирански МНР: Техеран ќе продолжи да го поддржува Хезболах

Ирански МНР: Техеран ќе продолжи да го поддржува Хезболах

Бејрут, 9 февруари 2024 (МИА) – Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан по пристигнувањето во Бејрут денеска вети континуирана поддршка на неговата земја за либанската шиитска организација Хезболах, велејќи дека безбедноста на Либан влијае и на безбедноста на Иран и на регионот.

Шефот на иранската дипломатија се сретна со претставници на Хезболах, како и членови на палестинските групи Хамас и Исламски џихад. Иран, кој се смета за главен поддржувач на исламистичките милитантни групи, ги повикува САД да извршат притисок врз Израел да ја запре својата офанзива во Појасот Газа.

Хезболах почна напади долж границата на Либан со Израел на 8 октомври по 17 години релативен мир, еден ден откако Хамас го нападна јужен Израел. Претставниците на либанската организација соопштија дека ќе престанат да ги напаѓаат израелските воени пунктови кога ќе заврши нападот на израелските сили врз Газа.

- Хезболах и отпорот во Либан храбро и мудро ја одиграа својата застрашувачка и ефикасна улога, изјави Хосеин Амир Абдолахиан пред новинарите на меѓународниот аеродром Рафик Харири во Бејрут.

Тој вети дека Иран ќе продолжи со „својата силна поддршка за отпорот во Либан, бидејќи ја смета безбедноста на земјата како безбедност за Иран и за регионот“.

За време на посетата на Бејрут, Хосеин Амир Абдолахиан треба да се сретне со либански функционери и да разговара со лидерот на Хезболах, Хасан Насрала. јт/

Фото: МНР на Иран

Остани поврзан