• сабота, 23 ноември 2024

Ирански дневен весник го обвини Израел за двете експлозии во кои загинаа неколку десетици лица

Ирански дневен весник го обвини Израел за двете експлозии во кои загинаа неколку десетици лица

Техеран, 4 јануари 2024 (МИА) - Иранскиот ултраконзервативен весник „Кајхан“ во денешниот уреднички коментар го обвинува Израел за двете вчерашни експлозии во кои загинаа неколку десетици лица во близина на гробот на иранскиот генерал Касем Сулејмани, јави ДПА.

Има многу причини да се претпостави „дека ционистите се вмешани во терористичките експлозии“, се наведува во воведникот на весникот, што го читаат влијателни ирански јастреби.

Авторот повика на брза одмазда, предупредувајќи дека недостатокот на одмазда може да доведе до други напади, можеби во главниот град Техеран.

ДПА забележува дека иранското државно и верско раководство реагираше претпазливо по вчерашните експлозии во градот Керман и избегна да го именува сторителот.

Стејт департментот ги отфрли тврдењата дека САД биле вклучени во нападот и рече дека нема причина да се верува дека Израел стои зад него.

На денот на годишнината од смртта на моќниот генерал на исламската Републиканска гарда во неговиот роден град Керман, во близина на неговиот гроб, за време на комеморативните церемонии, одекнаа две силни експлозии во кои официјално загинаа најмалку 84 луѓе.  Генералот Сулејмани беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Ирак во 2020 година.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан