• недела, 24 ноември 2024

Ирански генерал: Митот за Израел е урнат, милиони се подготвени да се борат за Палестина

Ирански генерал: Митот за Израел е урнат, милиони се подготвени да се борат за Палестина

Техеран, 1 ноември 2023 (МИА) - Милиони луѓе низ целиот свет се подготвени да им помогнат на Палестинците против израелскиот режим доколку соседните земји им дозволат да влезат на окупираните територии, изјави претседателот на иранскиот Здружен Генералштаб, генерал Мохамед Багери. 

Обраќајќи им се на иранските вооружени сили, денеска, генералот Багери кажа дека операцијата од 7 октомври, што е акција без преседан на палестинското движење на отпорот Хамас, која ги фати  израелските сили на препад, е сведоштво дека „сите концепти направени од ционистите и нивните господари се апсурдни и бесмислени, бидејќи нивната лажна големина пропадна со совршена и прецизна операција“.

Иранскиот командант го осуди израелскиот режим за бомбардирањето на цивили, вклучувајќи жени, деца и стари лица, и болници „со авиони што им ги дале криминалците“.

Тој денеска ја повтори изјавата на лидерот на Иранската исламска револуција, ајатолахот Али Хамнеи, дека единствениот начин за решавање на палестинското прашање е одржување референдум.

Иранскиот министер за одбрана, бригадниот генерал Мохамед Реза Аштиани, на маргините на денешната седница на владата изјави дека операцијата на Хамас, наречена „Поплава во Ал-Акса“, ги фатила израелските сили неподготвени „на стратешко, оперативно и тактичко ниво“, што укажувало дека окупаторскиот режим е пред крах.

Генралот Аштаини, исто така, предупреди дека доколку војната, која досега однесе речиси 10.000 палестински животи, не биде веднаш прекината, ќе има сериозни последици. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан