• недела, 24 ноември 2024

Ирански брод потона во Оманскиот залив, најмалку 20 загинати

Ирански брод потона во Оманскиот залив, најмалку 20 загинати
Техеран, 11 мај 2020 (МИА) - Најмалку 20 морнари загинаа кога брод на иранската морнарица потона за време на воена морнаричка вежба во близина на Ормушкиот Теснец. Според иранските медиуми, несреќата се случила додека фрегатата „Јамаран“ тестирала нов проектил кој бил погоден од логистичкиот брод Конарак, пренесува Би-Би-Си. Иранската новинска агенција Фарс јави дека еден морнар загинал, додека неколкумина се повредени „за време на вежбата на воената морнарица“ и ја опиша несреќата како „судир“, додека светските медиуми јавуваат дека загинале најмалку 20 морнари. Како што пренесуваат, „Јамаран“ го запалил проектилот премногу брзо, така што Конарак немал време да се оддалечи од лебдечката цел што ја влечел на позицијата. паг/  

Остани поврзан