• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Иранскиот претседател ќе се залага за конструктивен дијалог со Западот во рамките на сесијата на Генералното собрание на ОН

Иранскиот претседател ќе се залага за конструктивен дијалог со Западот во рамките на сесијата на Генералното собрание на ОН

Техеран, 22 септември 2024 (МИА) - Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека планира да го продолжи и продлабочи конструктивниот дијалог со Западот за време на претстојната седница на Генералното собрание на ОН, јави ДПА.

-Крајната цел е да се обезбеди мир и стабилност во меѓународната заедница и се надевам дека ќе постигнам добри и конструктивни резултати во овој поглед, рече Пезешкијан пред да отпатува за Њујорк, каде што утре ќе биде отворена 79-та сесија на Генералното собрание на ОН.

Според иранските медиуми, Пезешкијан има три главни цели во Њујорк: обновување на разговорите за иранската нуклеарна програма, укинување на санкциите поврзани со неа и уверување на Западот дека не и испорачува ракети на Русија и не е вклучен во конфликтот во Украина.

Според аналитичарите, тој ќе се обиде да ја оправда и антиизраелската политика на Иран, додека во исто време Техеран тврди дека не сака ескалација на кризата на Блискиот Исток. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан