• сабота, 23 ноември 2024

Иранскиот претседател Раиси од утре во посета на Пакистан

Иранскиот претседател Раиси од утре во посета на Пакистан

Исламабад, 21 април 2024 (МИА) - Иранскиот претседател Ибрахим Раиси од утре до 24 април ќе престојува во официјална посета на Пакистан, соопшти денеска пакистанското Министерство за надворешни работи.

Целта на посетата, како што јавуваат агенциите, е зајакнување на односите меѓу Исламабад и Техеран.

За време на посетата, Раиси ќе се сретне со највисоките пакистански функционери, вклучително и претседателот Асиф Али Зардари, премиерот Шехбаз Шариф, претседателот на Сенатот и претседателот на Националното собрание, се вели во соопштението на Министерството.

„Тие ќе разговараат и за регионалните и глобалните случувања и билатералната соработка за борба против заедничката закана од тероризам“, додаваат од пакистанското министерство.

По неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел, Исламабад ги повика сите страни на Блискиот Исток да „покажат воздржаност и да се свртат кон деескалација“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан