• четврток, 26 декември 2024

Иранскиот претседател најави одмазда за атентатот на Сулејмани ако Трамп не биде повикан на одговорност

Иранскиот претседател најави одмазда за атентатот на Сулејмани ако Трамп не биде повикан на одговорност
Техеран, 3 јануари 2022 (МИА) - Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска најави одмазда за американскиот атентат на иранскиот генерал Касем Сулејмани пред две години, доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп не биде повикан на одговорност. Иран и неговите сојузници во Ирак му оддаваат почит на Сулејмани, командантот на елитната единица Ал Кудс, генерал кој пред неговата смрт имаше култен статус во иранското општество.
Сулејмани беше убиен на 3 јануари 2020 година во напад со дрон во близина на аеродромот во Багдад. „Ако Трамп и поранешниот државен секретар Мајк Помпео не бидат судени пред непристрасен суд за кривичното дело убиство на генерал Сулејман, муслиманите ќе се одмаздат за својот маченик“, рече Раиси. Иран во неделата  го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да ги повика на одговорност САД и Израел, земја која Техеран исто така тврди дека стои зад атентатот. Ден по атентатот, САД им кажаа на ОН дека тој чин бил самоодбрана и дека ќе преземат дополнителни активности на Блискиот Исток за да ги заштитат американските интереси „ако тоа биде потребно“. паг/
 

Остани поврзан