• сабота, 23 ноември 2024

Иранскиот претседател изјави дека новиот шеф на Хезболах ќе го „зајакне“ отпорот

Иранскиот претседател изјави дека новиот шеф на Хезболах ќе го „зајакне“ отпорот

Техеран, 29 октомври 2024 (МИА) – Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека назначувањето на Наим Касем за наследник на Хасан Насрала за шеф на Хезболах ќе го „зајакне“ отпорот.

Пезешкијан изрази уверување дека назначувањето на Касем „ќе ја зајакне волјата на отпорот“, истовремено надевајќи се на „запирање на агресијата од нелегалниот ционистички режим и воспоставување мир, спокојство и безбедност во Газа, Либан и целиот регион“, пишува на неговата веб-страница. јт/

Фото: Интернет страница на Пезешкијан

Остани поврзан