• среда, 25 декември 2024

Иранскиот министер за надворешни работи во посета на Турција

Иранскиот министер за надворешни работи во посета на Турција

Анкара, 2 декември 2024 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи доцна синоќа пристигна во Анкара, само неколку часа по разговорот со сирискиот претседател Башар ал Асад во Дамаск за молскавична офанзива на бунтовниците во северозападна Сирија.

Арагчи денеска се очекува да се сретне со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан пред да разговара со претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштија официјални лица.

Иранскиот министер за надворешни работи вчера полета за Дамаск за да ја потврди поддршката на Техеран за владата на Асад, откако напредувањето на бунтовничките групи во последните денови доведе до губење на контролата врз вториот по големина град во земјата, Алепо, соопштија државните медиуми. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан