• понеделник, 02 септември 2024

Иранска ТВ: Оружјето со кое е убиен Фахризад е израелско

Иранска ТВ: Оружјето со кое е убиен Фахризад е израелско
Техеран, 30 ноември 2020 (МИА) – Иранската телевизија на англиски јазик „Прес ТВ“ денеска објави дека иранскиот научник Мохамед Фахризад е убиен во петокот со оружје произведено во Израел. - Оружјето кое е пронајдено на местото на терористичкиот напад, каде е убиен научникот, има лого и спецификации на израелската воена индустрија, изјавил неименуван извор за Прес ТВ. Претходно, израелскиот министер за разузнавачки служби Ели Коен истакна дека тој не знае кој е одговорен за нападот. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан