• петок, 20 март 2026

Иранска ракета падна на неколку метри од канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим

Иранска ракета падна на неколку метри од канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим

Ерусалим, 17 март 2026 (МИА) - Утринава лансирана иранска ракета падна во непосредна близина на канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим - објави иранската агенција ТНА.

Според извори на агенцијата, ракетите ги погодиле своите цели само на неколку метри од зградата во самиот центар на Ерусалим.

Тензиите дополнително се зголемија минатата недела откога Револуционерната гарда соопшти дека го бара Нетанјаху.

Шпекулации за неговата смрт набргу се проширија на социјалните мрежи, на што израелскиот премиер одговори со објавување видео од себе како купува кафе очигледно сакајќи да ги негира таквите тврдења.сд/јт/

Фото:Икс

Остани поврзан