• четврток, 19 март 2026

Ирак постигна договор со Иран да им дозволи на танкерите за нафта да поминат низ Ормуската Теснина

Ирак постигна договор со Иран да им дозволи на танкерите за нафта да поминат низ Ормуската Теснина

 

Багдад, 17 март 2026 (МИА) - Ирак постигна договор со Иран што ќе им дозволи на ирачките танкери за нафта да поминат низ Ормуската Теснина - изјави ирачкиот министер за нафта Хајан Абдул-Гани за „Ал џезира“.

Абдул-Гани потврди дека преговорите меѓу двете земји за водниот пат сè уште се во тек. Иран, кој ја контролира Теснината, ефикасно го блокира поморскиот сообраќај во областа од почетокот на војната. Во меѓувреме, портпаролот на иранската комисија за енергетика изјави дека производството и извозот на нафта во Иран ќе продолжат непречено.

Веста доаѓа откога Доналд Трамп во последните денови ги повика сојузниците на САД да сторат повеќе за да ја обезбедат Ормуската Теснина бидејќи намалениот извоз на нафта од Персискиот Залив продолжува да влијае на светските пазари.

Во исто време, беше забележано првото поминување танкер што превезува неиранска сурова нафта низ Теснината со вклучен систем за следење, и тоа првпат од почетокот на војната. мс/сд/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан